Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ангажираше двајца нови адвокати во својот правен тим што ќе ја застапува неговата одбрана во процесот за отповикување во Сенатот.

Трамп најави дека одбраната ќе ја водат Дејвид Шон и Брус Л. Кастор јуниор.

Во изјавата на Доналд Трамп се вели дека поранешниот претседател и адвокатите се согласуваат дека отповикувањето е неуставно.

Одлуката за ангажирање нови адвокатибеше објавена откако петмина адвокати се повлекоа од одбраната поради несогласувања за тоа како да се постапува понатаму.

Постапката за импичмент поттикната од судењето на Трамп за „поттикнување мотивација“ по упадот на приврзаниците на поранешниот претседател во Конгресот на 6 јануари, треба да почне на 9 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.