Потполковникот Александар Видман од американскиот Совет за национална безбедност, еден од клучните сведоци во истрагата против претседателот Доналд Трамп што беше водена во Претставничкиот дом на Конгресот, вчера беше отпушен од работа во Белата куќа и обвинет. Обезбедувањето на Белата куќа го испратило од зградата, а неговиот адвокат Дејвид Пресман соопшти дека бил обвинет заради одмазда по неговото сведочење во истрагата.

Нема сомнение, нити за еден Американец, зошто овој човек остана без работа и зошто оваа земја сега има еден војник помалку кој служи во Белата куќа, соопшти Пресман и додаде дека „потполковникот Видман е обвинет затоа што ја кажал вистината“, пренесоа британските медиуми.

Американските медиуми пренесуваат дека истиот ден е обвинет и братот на потполковникот кој, исто така, работел во Белата куќа.

Видман, кој во јули лично го слушал телефонскиот разговор на претседателот Трамп со неговиот украински колега Володомир Зеленски, во ноември сведочеше дека Трамп упатил недолично барање до Зеленски.

Спорниот разговор беше во центарот на истрагата против републиканскиот претседател, пренесе Гласот на Америка.

Видман во Одбор на Претстваничкиот дом, во кој мнозинството го имаат демокартите, рече дека не можел да „им поверува на своите уши“ за тоа што го слушнал.

Трамп бараше од Зеленски да отвори истрага против неговиот демократски ривал Џо Бајден, рече Видман.

Во истото сведочење тој кажа и дека не е загрижен што ќе претрпи штети заради своето сведочење.

Ќе бидам добро, затоа што ја кажав вистината, рече тој во ноември.

Портпаролот на Советот за национална безбедност одби да го коментира обвинието против Видман. Неименуван извор, сепак, кажал дека потполковникот Видман ќе биде префлен во Министерството за одбрана.

Министерот за одбрана, Марк Еспер, вчера истакна дека Пентагон ги штити сите свои припадници од одмазда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.