Американскиот претседател е познат по тоа што е „без влакна на јазикот“, па колку и да добие деликатно прашање, тој секогаш има интересен одговор.

Француски новинар ја искористи средбата со Трамп да му постави прашање, а наместо конкретен одговор, доби реплика која ги насмеа сите.

Новинарот го запраша Доналд Трамп како тоа невработеноста во САД е ниска, а во Франција висока. „Како го објаснувате тоа?“, го запраша францускиот новинар.

Трамп внимателно го слушна прашањето, а потоа даде одговор во свој стил: „Па, можеби ние имаме подобар претседател од вашиот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.