Поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави дека поднел тужба против Твитер, Фејсбук и Гугл и нивните директор бидејќи ги цензурираат објавите на конзервативното население.

Трамп, смета е жртва на цензура, а групната тужба ја поднел во федералниот суд на Флорида барајќи отштета.

На поранешниот претседател претходно му беше забранет пристап до социјалните мрежи бидејќи лажно тврдел дека неговиот изборен пораз е резултат на измама. Ваквите тврдења беа отфрлени од неколку судови, официјални лица од сојузни држави, но и членови на неговата влада.

Забранет му е пристап до Твитер, на Фејсбук е суспендиран најмалку до 2023 година, а на ЈуТјуб се додека не се утврди дека се намалил ризизок од поттикнување насилство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.