Фејсбук објави дека профилот на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, на оваа социјална мрежа ќе биде суспендиран најмалку две години, за првпат ставајќи рок на забраната која беше поставена од јануари.

Компанијата објави дека Трамп ќе може да се врати на Фејсбук во јануари 2023 година и само откако ќе се процени „дали нема ризик за јавната безбедност“, објави Њујорк тајмс.

Со оглед на сериозноста на околностите што доведоа до суспендирање на Трамп, ние веруваме дека неговите постапки беа сериозно кршење на нашите правила, кои заслужуваат најголема казна достапна според новите протоколи за извршување, напиша заменик-претседателот за глобални прашања во блогот на компанијата.

Фејсбук го суспендираше профилот на Трамп по нападот врз Капитол на 6 јануари, кога толпа негови приврзаници се обидоа да спречат потврда за победата на Џо Бајден на претседателските избори во 2020 година.

Трамп првично беше суспендиран од Фејсбук и Инстаграм 24 часа, откако сподели две објави на овие мрежи со кои ги пофали постапките на бунтовниците. Компанијата потоа ја продолжи суспензијата на налогот „барем до крајот на мандатот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.