Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за телевизискиот канал „Њузмакс“, изјави дека за три години САД ќе бидат уништени доколку Демократската партија остане на власт.
Според Трамп, доколку републиканците не успеат да добијат мнозинство во американскиот Конгрес на среднорочните избори во 2022 година и со тоа да добијат можност да ја предводат владата во 2024 година, тогаш „за три години на земјата нема да и остане ништо“.
Трамп додаде дека во првите осум месеци од претседателствувањето на американскиот претседател Џо Бајден, САД „се лизнале како никогаш досега“.
Републиканецот Трамп редовно ја критикува актуелната американска администрација, како и одлуките на сегашниот претседател. Трамп е незадоволен како од внатрешната политика на демократите, вклучувајќи ја и ситуацијата со мигрантите и планот за развој на инфраструктурата, така и одлуките донесесни од актуелните власти во надворешна политика, особено повлекувањето на американската војска од Авганистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.