Американскиот претседател Доналд Трамп ја избриша од Твитер вчерашната видео снимка во која неговите приврзаници извикуваат расистички слоган.

На видеото се гледа како неговите приврзаници извикуваат „бела надмоќ“, слоган кој го користат екстремно десничарските бели расисти. Најавата, направена во пензионерска заедница во Вилиџис, на Флорида, покажува колона на постари Американци кои минуваат во колички за голф, украсени со американски знамиња и пароли за поддршка на Трамп, додека околу нив се собрани противниците на републиканскиот претседател.

Портпаролот на Белата куќа Џуд Дир изјави дека Трамп е „голем обожавател на Вилиџис“.

-Тој не го слушна слоганот на видеото. Тој слушна само голема поддршка од голем број негови поддржувачи, рече Дир.

Видеото со кавгата меѓу двете страни е во траење од две минути, а извикувањето на слоганот „бела моќ“ може да се слушне уште на самиот почеток.

“Благодарност до големите луѓе во заедницата Вилиџис. Радикалните левичарски демократи кои не прават ништо, ќе загубат на есен. Корумпираниот Џо ќе заврши. Се гледаме наскоро”, напиша Трамп покрај снимката, што подоцна беше избришана.

Неговата објава доаѓа во време на расние тензии, дебата за системска дискриминација и распространети протести низ САД, откако полицијата кон крајот на минатиот месец во Минеаполис го задави Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Сенаторот Тим ​​Скот, единствениот црн републиканец во Сенатот, го искритикува претседатолот .

-Тој не требаше да го сподели тој пост и требаше да го отстрани, рече Скот за Си-Ен-Ен

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.