Поранешниот заменик на државниот обвинител на САД предал докази до Конгресот кои наводно покажуваат дека поранешниот претседател Доналд Трамп влијаел врз првите лица во Министерството за правда да објават дека претседателските избори во 2020 година биле лажирани.

Само кажи дека изборите се корумпирани, остави сè друго на мене – му кажал Трамп на тогашниот вршител на должност државен обвинител Џефри Роузен, објави „Вашингтон пост“.

Во САД, државниот обвинител истовремено ја извршува и функцијата министер за правда.

Белешките се предадени од заменикот Ричард Донохју, кој го слушнал разговорот меѓу Трамп и Роузен. Ова е уште еден доказ дека при крајот на 2020 година експретседателот се обидувал да влијае на резултатот од изборите и да ја оспори победата на противкандидатот Џо Бајден, коментира весникот.

Како што стои во белешката, во еден разговор на 27 декември, Роузен му рекол на Трамп „не можам + нема да плеснам со прстите + да го променам резултатот од изборите“.

Претседателот одговорил дека разбира, но дека сака министерството „само да каже изборите се корумпирани + остави сè друго на мене и републиканските конгресмени“, пишува во забелешката замена од Донохју.

Демократите веднаш реагираа на овој најнов доказ за дејствата на Трамп да успее во напорите за поништување на изборите.

Ова покажува дека претседателот Трамп директно давал инструкции на првите луѓе од нашето Министерство за правда во последните денови од неговото претседателство да преземат чекори да се поништат едни слободни и фер избори – изјави Каролин Малоуни, претседателка на Комитетот за надзор и реформа на Претставничкиот дом.

Републиканците сè уште не го коментирале објавувањето на забелешките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.