Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека апсењето на неговиот поранешен советник Стив Бенон е многу тажна работа.

Тоа е многу тажна работа за годподинот Бенон. Изненадувачки е – истакна Трамп, при тоа додавајќи оти од почетокот не му се допаѓал проектот „Градиме ѕид“.

Покрај Бенон, приведени се уште три лица поради проневера на парите на донаторите на кампањата „Градиме ѕид“, со која требаше да се соберат пари за изградба на ѕид на границата помеѓу САД и Мексико.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.