Во кратка прес-конференција во Белата куќа во раните утрински часови денеска, претседателот Доналд Трамп изјави дека изборите се фалсификувани, дека затоа ќе оди на Врховен суд и побара „да се запре броењето на гласовите“. 

 -Тие можат во 4 часот изутринава да донесат уште цели комбиња со гласови и да продолжат да ги бројат. Нема да дозволима да се случи фалсификат. Сакам броењето (на гласови) да запре, изјави Трамп.

Од друга срана тој објави победа, иако во повеќе држави сеуште не се објавени конечните резултатите. Според Си-ен-ен, во Пенсилванија, на пример, води неговиот опонент, демократскиот претседателси кандидат Џо Бајден. Резултатите од ова сојузна држава се очекува да бидат објавени денеска попладне, а можеби и утре. 

Според Вашингтон пост, од 270 електорални гласови на изборниот колеџ потребни за победа, според неофицијалните резултати од досега преброените гласови и победи во некои држави, Џо Бајден има освоено 220 гласови, додека Трамп има освоено 213 гласови. Изборниот колеџ треба да го прогласи победникот откако ќе ги изброе гласовите, законски, тоа треба да го  стори најдоцна до 14 декември

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.