Осумнаесетгодишните Ендрју Донел и Макс Вол од Ирска починаа за само неколку часа на екскурзија на грчкиот остров Иос каде го прославувале завршувањето на колеџот.

Како што пренесуваат британските медиуми, несреќата се случила во текот на саботната ноќ. Ендрју се разделил од своите пријатели додека се враќале до нивниот апартман, по што тие го пријавиле за исчезнат. Неговото тело било пронајдено следниот ден околу 9 часот во нива, а според првичната истрага трагите укажуваат дека се лизнал и удрил во камен во главата.

На Макс, кој имал срцеви проблеми, му се слошило откако слушнал за смртта на неговиот пријател. И покрај максималните напори на лекарите, подоцна во болница била констатирана смрт.

Локалната полиција потврдила дека се водат две истраги за смртта на тинејџерите кои биле пронајдени мртви за неколку часа еден од друг.

Макс кој беше пронајден мртов во пристаништето имал историја на проблеми со срцето. Пријателите кои биле со него изјавиле дека колабирал кога слушнал за смртта на Едрју. Беа блиски, рекол локален полицаец, пишува Мирор.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.