Две деца, брат и сестра со потекло од Косово, го загубиле својот живот откако паднале во река во Франција.

Настанот се случил во француската општина Монтбрисон, Лоире. Децата, родени во 2014 и 2017 година, играле заедно со нивната мајка покрај реката Ле Монигт, чие ниво во последните денови е зголемено поради врнежите од дожд. Помалиот брат паднал во водата, додека поголемата сестра се обидела да го спаси од водата, но без успех, пишува француската новинска агенција АФП.

Како што пишува АФП, пренесуваат косовските медиуми, 35 годишната мајка со потекло од Косово, излегла со децата да јадат во ресторан пред да ги однесе децата да играат покрај реката.

Според нејзината изјава, прво во водата паднал синот, после тоа сестрата која се обидела да го спаси својот брат, но не успеала во својот обид. Во водата скокнала и мајката, која успеала да ги фати и двајцата, но не била во можност да ги врати во живот.

Таа побарала од луѓето што биле во близината да викнат итна помош, кои пристигнале на самото место, меѓутоа не успеале да ги спасат децата. Мајката била шокирана од настанот и хоспитализирана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.