Момче се удавило во базен на хотел во Анталија, каде било на свадбен викенд заедно со неговото семејство. Семејство на 14-годишното момче со обвинувања дека на базенот во турскиот ресорт нема спасувачи, пишува „Daily Mail“.

Во хотелот со 311 соби како гости на свадбата престојувале неколку членови на исто семејство.

Момчето се удавило во еден од петте базени под сè уште неразјаснети околности, а очевидци велат дека шанкер го забележал во водата и го извлекол на суво.

На момчето му била укажана прва помош и вештачко дишење, и било пренесено во болница, но за жал починало.

Семејството и сведоците, пишува „Сан“, тврдат дека на базенот немало спасувачи иако било еден часот попладне. Спасувачите наводно отишле на ручек. Хотелот ги негира овие наводи.

Со тешко срце потврдуваме дека нашиот млад гостин почина додека пливаше со тетка му на нашата главна плажа. Од почит кон семејството, нема да даваме дополнителни изјави додека не бидат објавени резултатите од обдукцијата. Категорично ги отфрламе обвинувањата за немање спасители, изјавил портпаролот на хотелот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.