Во холандскиот град Шевенинген во текот на новогодишната ноќ избил голем пожар откако огнот со дрвени палети почнал неконтролирано да се шири.

Полицијата веднаш го евакуирала плоштадот бидејќи поради огнот се кренала температурата и ги загрозила присутните. А тогаш на улиците почнал да паѓа жар, кој предизвикал повеќе мали пожари.

Пламенот во еден момент достигнал висина од 48 метри. Во пожарот изгорела една куќа.

Огнот брзо се ширел, но на самото место набрзо пристигнале многубројни пожарни екипи.

Не е познато дали во инцидентот има повредени или мртви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.