Актерот Том Хенкс ќе биде домаќин на свечената програма на инаугурацијата на Џо Бајден што ќе се одржи на 20 јануари, објавија организаторите на настанот.

Во специјалното шоу, кое ќе трае 90 минути и ќе се вика „Ја славиме Америка“, ќе учествуваат и некои други познати личности во САД, како што се Џон Бон Џови, Деми Ловато, Џастин Тимберлејк и Ент Клемонс, објави „Ројтерс“.

Американската пејачка Лејди Гага (34), ќе ја пее химната на инаугурацијата на Џо Бајден (78) на 20 јануари, потврдија за странските медиуми членовите на инаугуративниот одбор.

Таа ќе ја изведе „The Star Spangled Banner“ кога Бајден ќе даде заклетва. Исто така, ќе настапи и Џенифер Лопез (51).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.