Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро изминативе недели редовно ја изненадува јавноста со своите изјави, особено откако неговата земја се соочи со огромните пожари во најголемата дождовна шума – Амазонија. Сега со изјава во негов стил излезе и соработникот од кабинетот на Болсонаро, поранешен МАА борец, Ренцо Граси кој во моментов е на функција амбасадор на туризмот во Бразил.

Тој францускиот претседател го нарече кловн, за потоа жестоката реторика дури и да прерасне во закани.

Единствениот пожар кој се случува е пожарот во бразилските срца и пожар во срцето на претседателот, кловнот. Дојди ваму, ќе бидеш фатен за вратот, тој пилешки врат, му порачал Граси на Макрон.

Ќе ви поставам едно прашање. Дали е грда или убава? Тоа што спие со змеј не го прави експерт за пожари. Таа е грда, човече, додал Граси коментирајќи го изгледот на сопругат ана Макрон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.