Британските принцови Вилијам и Хари објавија заедничко соопштение во кое ги негираат наводите за „злоставување“, по известувањата на медиумите дека Хари се чувствувал малтретиран и дека поради тоа го напушта кралското семејство. Соопштението е објавено само неколку часа пред кризниот состанок со кралицата во Сандрингам, пренесува Мирор.

И покрај јасното негирање, лажната приказна е објавена денеска во британските медиуми, а во неа се шпекулира за односот меѓу војводата од Сасекс и војводата од Кембриџ. За браќата кои толку длабоко се грижат за прашањата поврзани со менталното здравје, употребата на таква реторика е навредлива и штетна“, наведено е во соопштението на двата брата.

Денеска исто така е објавено дека Хари и Меган имаат план за кризниот состанок. Тие планираат да комуницираат преку WhatsApp за време на состанокот, пренесува Мирор.

Се наведува дека Меган му рекла на Хари дека за неа престојот во кралското семејство „не функционира“, а на Хари му се „крши срцето“ што е ставен во позиција да мора да бира меѓу неа и својата баба, кралицата Елизабета Втора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.