Тимот на експерти на СЗО денеска излезе од карантинот во Вухан за да ја започнат теренската работа во мисијата на утврдување на фактите за потеклото на вирусот кој ја предизвика пандемијата на ковид-19.

Истражувачите кои по доаѓањето во Кина мораа да поминат 14 дена во карантин, се видени како излегуваат од хотелот и влегуваат во автобус, но не се знае каде отишле.

Мисијата е под политички притисок, бидејќи Кина настојува да избегне вина за наводните грешки во својот одговор на избивањето на пандемијата.

Главното прашање е каде кинеските власти ќе им овозможат на истражувачите да одат и со кого тие ќе можат да разговараат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.