Најмалку 51 од вкупно 58 лица инфицирани со корона вирус во дом за стари лица во градот Лихтeнфелс, Германија, се заразиле од тимот за вакцинација, што бил во домот неколку дена претходно.

Управителот на домот, Фабијан Франке посочува дека од воведувањето на обврската сите посетители и вработени во домот да можат да пристапуваат само со негативен тест, немало ниту еден случај на заболен.

Како што објавија локални медиуми, Франке нагласува дека состојбата се променила по доаѓањето на тимот за вакцинација.

Надлежните здравствени власти на Лихтенфелс, пак, ги отфрлија тврдењата на Франке дека тимот за вакцинација го внел корона вирусот во домот. Тие посочуваат дека членовите на тимот носеле заштитно одело и маски ФФП2.

Покрај тоа, властите велат дека пренесувањето на корона вирусот за време на вакцинацијата е скоро невозможно, затоа што има само краток контакт со лицето кое се вакцинира.

Голем проблем за Домот претставува и тоа што од 55 вработени, 33 се на боледување поради корона вирусот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.