Светлана Тихановскаја, која беше втора на неодамнешните претседателски избори во Белорусија, и сега е пребегана во странство, наскоро ќе се врати во земјата, изјави денеска нејзината овластена претставничка, Олга Ковалкова.

Како што потсетува Тасс, на 10 август, ден по изборите, Тихановскаја избега во Литванија.

Таа не планираше да замине, и затоа сум сигурна дека наскоро ќе се врати, рече Ковалкова.

Според официјалните резултати, актуелниот претседател Александар Лукашенко освои 80,1 отсто од гласовите, додека Тихановскаја, како негов главен ривал, освои 10,12 отсто.

По тврдењата за изборна кражба во Белоруисја избија масовни протести што се уште траат. Опозицијата не ги прифаќа официјалните изборни резултати и смета дека Тихановскаја е избрана претседателка до одржувањето на нови избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.