Тигар во зоолошката градина во Њујорк е позитивен на коронавирусот, што е првиот потврден случај на заразено животно со Ковид-19 во САД и тигар во светот, соопштија официјални извори.

Министерството за земјоделство на САД соопшти дека станува збор за четиригодишен тигар, прецизирајќи дека уште шест тигри и лавови со кои бил „нулта“ тигарот биле во контакт, почнале да покажуваат симптоми на болеста.

Се претпоставува дека животното е заразено од работник во зоолошка градина Бронкс, позитивен на Ковида-19.

Зоолошката градина соопшти дека тигарот почнал да покажува симптоми на болеста на 27 март, а се очекува сите животни да се опорават.

Зоолошката градина Бронкс затвори на 16 март, како дел од мерките за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.