Главниот лекар во московската болница за пациенти со коронавирус, кој се сретна со Владимир Путин во установата минатата недела, изјави денеска дека е заразен, додека од Кремљ веднаш објавија дека не треба да се грижат за претседателот на Русија.

Путин се тестира редовно. Сè е нормално, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Докторот Денис Проченко изјави дека е заразен, но нема загрижувачки симптоми.

Тестот КОВИД-19 е позитивен, но јас се чувствувам добро. Се изолирав и во мојата канцеларија ги имам сите услови за работа од далечина, рече рускиот лекар.

На 24 март, Путин (67) ја посети болницата Комунарка во предградието на Москва. Оваа болница е главната установа во која се лекуваат пациенти со коронавирус.

Претседателот на Русија и докторот потоа се ракуваа, беа во лифтот заедно и разговараа без заштитни маски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.