Најмалку пет луѓе загинале во терористички напад, а 15 повредени се пренесени во болница по силната експлозија што се случила во центарот на сомалиската престолнина, Могадишу. Според локални медиуми, во експлозијата загинале осум лица, а се повредени најмалку 23 лица.

Експлозијата во близина на крстосницата К4, била толку голема што ги урнала ѕидовите на блиското основно и средно училиште Мукасар, а во нападот се уништени и голем број автомобили.

Одговорноста за терористичкиот напад ја презеде исламистичката група Ал Шабаб која е поврзана со терористичката организација Ал Каеда. Цел на нападот бил конвој на Обединетите нации, што минувал по улицата.

Експлозијата била предизвикана од автомобил-бомба, како што најчесто оваа терористичка група ги изведува нападите.

Американската амбасада во Сомалија, преку Твитер, изрази сочуство до семејствата на жртвите и повредените и воедно потенцираше дека САД силно ги осудува сите облици на тероризам.

Луѓето во Сомалија заслужуваат да живеат живот без страв од напади – се посочува во американската реакција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.