Неверојатни сцени на средношколски фудбалски натпревар во САД. Неколку истрели на трибините го прекинаа натпреварот на американскиот фудбал помеѓу средните училишта Вигор и Вилијамсон, а за жал има и жртви .

Четири лица се повредени, а едно од нив е во животна опасност. Инцидентот се случи на западната порта на стадионот, непосредно пред крајот на натпреварот.

Во оваа престрелка се повредени четири лица, тројца мажи и една жена, а медиумите неофицијално дознаваат дека две ранети лица се малолетници.Едно лице е итно пренесено во болница поради повреди опасни по живот.

Снимката што ги преплави социјалните мрежи покажува дека настанал целосен хаос на стадионот откако се слушнало пукањето.Навивачите почнаа да трчаат кон теренот и да ја прескокнуваат оградата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.