Холандската полиција спречила напад врз центар за вакцинација во градот Ден Хелдер. Според тамошните медиумски агенции, полицијата уапсила 37-годишен маж под обвинение дека планирал да изврши терористички напад.

Мажот, наводно, имал намера да постави експлозивна направа во центарот со цел да ја саботира вакцината, но тој бил спречен да го стори тоа

Јавното обвинителство соопшти дека целиот случај го третираат како терористички акт со цел заплашување на населението и дестабилизација на економските и социјалните структури во земјата.

Холанѓаните во јануари во неколку наврати протестираа поради епидемиолошките мерки и затворање, а исто така беа забележани и напади врз центри за тестирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.