Британскaта премиерка Тереза ​​Mеј го искористила прашањето на лабуристите во парламентот да се спореди себе си со победата на Ливерпул и да покаже намера дека сака да продолжи да се бори за својата позиција во време кога земјата треба да го доврши процесот на напуштање на ЕУ, пренесува „Гардијан“.

На сугестијата на лидерот на лабуристите Џереми Корбин во парламентот, дека Меј би можела нешто да научи од тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, британската премиерка, исто така, се послужи со победата на познатиот англиски клуб, за ситуацијата да ја преведе во нејзина корист.

Тоа што победата на Ливерпул над Барселона покажува дека кога сите мислеа дека е готово, кога сите мислеа дека опозицијата од Европа ве поразила, времето истекува и дека треба да го признаете поразот, всушност може да победиме ако сите работиме заедно, изјавила Меј.

Ливерпул во вторникот вечерта, во реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите ја совлада Барселона на Енфилд со 4-0, што се надокнади остатокот од три гола (0- 3) од првиот натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.