Полицијата во централниот дел на Германија соопшти дека еден маж од мост на автопат го фрлил и убил својот девет годишен син, а потоа извршил самоубиство.

Како што се наведува во соопштението на полицијата во Хесе, мајката на момчето дознала за неговата смрт кога на социјалните мрежи го видела прошталното писмо кое го објавил 36-годишниот татко.

Пред пет дена на железничка станица во Франкфурт еден маж ги турна под воз мајка и нејзиниот осум годишен син, при што момчето го загуби својот живот.

Полицијата во Хесе не ги поврзува овие два настана, бидејќи извршителот на убиството во Франкфурт не бил во сродство со мајката и детето, додека во вториот случај станува збор за татко и син.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.