Непознат маж го фрлил својот девет годишен син од мост на автопат во централна Германија, по што извршил самоубиство, соопшти германската полиција. Според информациите од полицијата, мајката на детето дознала за неговата смрт од социјалните мрежи, каде го видела прошталното писмо кое го објавил 36-годишниот татко.

Пред пет дена на железничка станица во Франкфурт еден маж ги турна под воз мајка и нејзиниот осум годишен син, при што момчето го загуби својот живот.

Полицијата во Хесе не ги поврзува овие два настана, бидејќи извршителот на убиството во Франкфурт не бил во сродство со мајката и детето, додека во вториот случај станува збор за татко и син.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.