Германскиот суд донесе одлука дека треба да му биде ускратено државјанството на мигрантот што одби да се ракува со службеничката на церемонијата за натурализацијата, пренесува „Телеграф“.

Либанецот, кој ги помина сите други пречки да стане натурализиран Германец, изгуби во последен миг кога одби да се ракува си жената што му ги предаваше документите.

Мигрантот го оспори повлекувањето на државјанството, но Административниот суд во Баден-Виртемберг утврди дека тоа го сторил затоа што ја гледал жената како закана од сексуално заведување, сугерирајќи дека тој е фундаменталист со салафистички светоглед.

Иако во Германија има и други признати поздрави, како што се бакнувањето или „ да пукне“, ракувањето има особено значење“, објаснија судиите во коментарите објавени од „Телеграф“, повикувајќи се на неговата употреба во некои судови и при заклучување бизнис зделки.

Судијата, исто така, истакна дека ракувањето има долга традиција на сигнализирање поздрав или збогување, што постои во германската култура без оглед на социјалниот статус или пол.

Мигрантот се обидел да објасни дека ѝ ветил на својата сопруга дека никогаш нема да допре друга жена освен неа – што ќе го отежне извршувањето на неговата пријавена работа како лекар – и дека во иднина целосно ќе се откаже од ракување, но судот не ја смени одлуката. Мигрантот сепак може да ја обжали на одлуката на федерално ниво.

Тогашниот германски претседател Јоаким Гаук беше засрамен во 2016 година кога едно муслиманско девојче одби да се ракува со него на настан со фотографирање наменет да покаже колку мигрантите се интегрираат во германското општество откако канцеларката Ангела Меркел претходната година ги отвори границите на земјата.

Некои други европски земји, како во Баден-Виртемберг, инсистираат мигрантите да го прифатат ракувањето како витален дел на нивната подготвеност да се интегрираат.

Францускиот суд ѝ го одзеде државјанство на една Алжирка, која одби да се ракува со службеник на церемонијата за натурализација во 2018 година, а во швајцарскиот кантон Базел властите отидоа уште подалеку, инсистирајќи дека муслиманските ученици кои одбиваат да се ракуваат со наставничките мора да го сторат тоа или ќе се соочат со протерување и парични казни до 4.500 евра за нивните родители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.