Талибанските локални власти во јужната авганистанска покраина Хелманд издадоа забрана за бричење на брадите, јавија локалните медиуми.
Талибанскиот директор за култура и информирање Хафиз Рашед Хелманд рече за дневниот весник Етилалатроз дека таа одлука ја донела талибанската верска полиција на состанокот со сопствениците на берберски салони во јужната покраина.

Официјалното писмо на талибанските власти кружело на социјалните мрежи, а во него талибанските покраински вршители на должности ги предупредија берберите дека ќе трпат последици ако на некој му ја избричат брадата.

Портпаролот на талибанскиот режим не даде коментар за ова.

Минатиот месец Талибанците од власт ја симнаа авганистанската влада која имаше поддршка од меѓународната заедница. Оттогаш режимот наметна родова сегрегација на факултетите и им оневозможи работа на жените. Освен тоа, девојчињата смеат да одат на училиште само до 6. одделение.

Авганистанците и владите ширум светот набљудуваат дали Талибанците овој пат ќе бидат поумерени во владеењето, иако досега нема најави дека ќе биде така.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.