Талибанците денеска соопштија дека нема докази за постоење на милитанти на ИД и на Ал Каеда во Авганистан. Пред неколку дена ИД ја презеде одговорноста за бомбашките напади во градот Џалалабад во источен Авганистан.

Од преземањето на власта во Кабул, талибанците се соочија со меѓународен притисок да се откажат од врските со Ал Каеда, која го изврши терористички напади во САД на 11 септември 2001 година. Портпаролот на талибанците Забидула Муџахид ги отфрли обвинувањата дека Ал Каеда е во Авганистан и го повтори своето ветување дека нема да има напади од странски милитантни движења.

Не гледаме никој во Авганистан кој има врска со Ал Каеда. Ние сме посветени на фактот дека нема да има опасност од Авганистан за која било држава – рече Муџахид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.