Талибанците денеска воведоа низа ограничувања за авганистанските медиуми, вклучително и забрана на телевизиски драми во кои се појавуваат актерки, а на презентерките на вести им наредено да носат хиџаб.

Авганистанското Министерство за спречување на пороците и за промоција на доблестите неделава воведе девет правила, што се однесуваат на забрана на сите медиуми кои се спротивставуваат на „исламските или авганистанските вредности“.

Дел од указите се однесуваат на жените.

Меѓународната организација за заштита на човековите права „Хјуман рајт воч“ соопшти дека се влошува слободата на медиумите во Авганистан.

Преземено од МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.