Вршителот на должност министер за надворешни работи на Авганистан, Амир Хан Мутаки, порача дека Турција со ресурсите што ги има може да има активна улога во инвестирањето и реализацијата на дел од проектите во обновата на Авганистан.

Во интервју за турската новинска агенција „Анадолија“, Мутаки изјави дека официјалното признавање на неговата влада и меѓународната помош ќе имаат големо значење за обнова на авганистанската економија.

Мутаки на 14 октомври ја предводеше талибанската делегација во официјална посета на Турција. Тој имаше средба со шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу, на која се разговараше за официјално признавање на талибанците.

Како што кажавме на нашите средби реализирани во изминатите денови со делегациите на САД и на Европска Унија во Доха и на нашите состаноци во Турција, држави во светот се создадени со сила, со државен удар или со избори, во кои доминираат едно лице или фамилија. Зошто таквите земјите се признаени, а владата во Авганистан продолжува да биде само фиктивна држава – истакна Мутаки.

Тој додаде дека тоа е узурпација на Авганистанците и оти таквата ситуација има негативно влијание врз авганистанската економија.

Мутаки нагласи дека талибанската влада ја гарантира безбедноста во Авганистан во однос на заканата од терористичките групи.

Состојбата што новата држава во Авганистан не е официјално признаена е добро за Исламска држава. Земјите ширум светот, од една страна, велат дека ги контролираат Авганистанците за да не емигрираат. Од друга страна, тие официјално не ја признаваат владата и и даваат сила на ИД. Тоа не е во интерес на Авганистан ниту на светот – посочи Мутаки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.