Талибанците почнале акција против засолништа на Исламска држава во јужен Авганистан. Според официјални лица, акцијата е преземана по зголемените крвави напади од страна на терористичката група во последните недели.

Операцијата против ИД-К, почна околу полноќ во најмалку четири области на провинцијата Кандахар и продолжи утрово – изјави началникот на провинциската полиција на талибанците, Абдул Гафар Мохамади.

Локалните медиуми цитираа талибански официјален претставник кој рекол дека имало и експлозија во западно предградие на Кабул денеска наутро, но нема жртви.

За три месеци откако талибанците дојдоа на власт, ИД-К е активна во Џалалабад, Кундуз, Кандахар и Кабул. Минатиот месец групата ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад врз шиитска џамија во Кандахар во кој загинаа најмалку 60 луѓе, а голем број беа повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.