Талибанците пронашле две тајни складишта за оружје, кои американските сили ги сокриле и напуштиле. Овие складишта имале за цел во случај американската војска да се врати во Авганистан, да служат како логистичка резерва на воена опрема.

Магацините биле планирани за оружје и воена оперма наменети за евентуалните американски антитерористички напади против терористичките групи Ал Каеда и Исламска држава, за кои се смета дека се присутни во Авганистан. Тие биле скриени за да и помогнат на американската војска побрзо да ги нападне терористичките организации, без да биде успорена со доставување на потребниот воен арсенал.

Според извори за „Мирор“, залихите содржат резервни делови за хеликоптери, бидејќи тие би биле неопходни за теренската мисија.

Магацините кои Талибанците ги отркиле во близина на градовите Мазер-е-Шариф на север и Херат на запад од Авганистан, кои се многу критични за Пентагон.

Ова е еден од најголемите удари за САД во однос на идните операции против Ал Каеда, Исламската држава и други групи кои во моментов го засилуваат своето присутво во Авганистан под талибанското владеење.

Како складиште за логистички материјали што е веќе во земјата, резервите ќе беа непроценлив ресурс што ќе служеше за голема антитерористичка операција – наведуваат западните агенции.


Според аналитичарите, ова укажува на можноста дека војската на САД подготвува планови за евентуален таен напад против терористите присутни во Авганистан во случај американските војници да треба одеднаш да се вратат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.