Новиот заменик министер за информации и култура на Авганистан, Забихула Муџахид, порача дека условите под кои меѓународната заедница е подготвена да ја признае новата авганистанска влада не се прифатливи за талибанското движење.

Условите за признавање на нашата влада, предложени од меѓународната заедница, се неприфатливи и го кршат меѓународното право – истакна Муџахид.

Тој нагласи дека талибанците „се обидуваат да воспостават блиски дипломатски односи со други земји врз основа на меѓусебно почитување“, додавајќи дека движењето „ги повикува ОН да најдат заеднички јазик за дипломатска соработка“.

Според него, „признавањето на новата влада на Авганистан е право за нив и за целиот авганистански народ“.

Муџахид, нагласи и дека „загриженоста, изразена од меѓународната заедница за новата авганистанска влада е лесно решлива“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.