Министерството за образование во новата талибанска влада во Авганистан соопшти дека наставата за сите ученици од шесто до 12. одделение, како и за машките наставници, ќе продолжи утре.

Во објавата на Фејсбук не се споменуваат девојчиња на таа возраст.

Талибанците претходно им дозволија на учениците од прво до шесто одделение да продолжат да одат на училиште, при што девојчињата можат да учат, но во одделни училници од момчињата и со задолжителен исламски начин на облекување.

Во претходниот период кога талибанците беа на власт во Авганистан, од 1996 до 2001 година, на жените им беше забрането да посетуваат настава и да работат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.