САД ќе донираат 750.000 дози вакцина против корона вирус на Тајван како дел од планот за дистрибуција на вакцините во светот.

Американската сенаторка Тами Дакворт, истакна дека  750.000 дози вакцин, што ќе добие Тајван, се дел од првата испорака на донации од САД.

За САД е од клучно значење Тајван да биде вклучен во првата група што ќе добие вакцини, затоа што ја препознаваме вашата итна потреба и го цениме нашето партнерство – изјави Дакворт на прес-конференција во Тајпеј, каде е во кратка посета со колегите сенатори Ден Саливан и Кристофер Кунс.

Таа не прецизираше од кој производител ќе бидат донираните вакцини ниту кога ќе стигнат на островот.

Тајван се соочува со зголемен број заразени, но и со недостиг на вакцини. Во земјата се вакцинирани само три проценти од 23,5 милиони жители, а повеќето ја примиле само првата доза на вакцината.

Официјален Тајпеј се пожали на Кина дека се обидува да ја спречи земјата да набавува вакцини од меѓународни извори, што Пекинг го негираше.

Јапонија во петокот на Тајван бесплатно му испорача 1,24 милиони дози вакцина „Астра Зенека“, што е речиси двојно поголема количина на вакцини од тие што Тајван ги доби досега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.