Новоизбраниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска положи заклетва за нов мандат.

Лукашенко положи заклетва на тајна церемонија на инаугурација во Палатата на независноста, пренесува Дојче веле. Церемонијата се одржа тајно и без претходна најава.

Според Белта, неколку стотици луѓе биле поканети да присуствуваат на церемонијата.

Ова вклучувало високи функционери, членови на Претставничкиот дом и Советот на Републиката, раководители на државни тела и организации, локални и извршни тела, национални медиуми, научници, културни и спортски претставници.

Во согласност со Уставот на Република Белорусија, Претседателот стапува на должност откако ќе ја даде следната заклетва:

Со преземањето на функцијата претседател на Република Белорусија, свечено се колнам дека верно ќе му служам на народот на Белорусија, Белорусија и строго и совесно да ги исполнувам високите должности што ми се зададени“.

Лукашенко положи заклетва на белоруски јазик. После тоа, тој го потпиша актот за давање заклетва, а претседателката на Централната изборна комисија, Лидија Јермошина, му го врачи сертификатот за претседател на Република Белорусија.

Претседателските избори во Белорусија се одржаа на 9 август. Според ЦИК, Александар Лукашенко добил 80,1 процент од гласовите. Од излезноста беше 84,28 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.