Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сите докази укажуваат дека новиот коронавирус го пренеле лилјаци на луѓе во Кина кон крајот на минатата година и не потекнува од лабораторија.

– Сите расположиви докази укажуваат дека вирусот потекнува од животни и не бил направен, или манипулиран од научници, рече портпаролката на СЗО, Федела Чаиб, на конференција во Женева.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела изјави дека владата се обидува да утврди дали вирусот потекнува од лабораторија во Вухан, Кина.

Се уште не е јасно како вирусот се пренесувал од животни на луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.