Повеќе од 659.000 луѓе се заразиле со коронавирусот во изминатите 24 часа, соопшти синоќа Светската здравствена организација (СЗО).

Бројот на лица заразени со коронавирусот од почетокот на пандемијата надмина 129,21 милиони, се вели во дневниот билтен на СЗО.

Досега, 2.820.098 луѓе починаа од коронавирусот, а само се регистрирани 11.626 смртни случаи.

Најголем број случаи имало во Европа – 41 процент (275.728 случаи), па потоа следуваат Северна и Јужна Америка (220.277) и Југоисточна Азија (94.908).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.