Светската здравствена организација ќе ја „прочита внимателно“ кинеската студија која открива нов вид свински грип, изјави во вторникот портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмиер.

Ќе ја прочитаме внимателно студијата за да разбереме што е ново. Исто така, потенцирам дека не смееме да го „спуштиме гардот“ пред грипот и мора да бидеме претпазливи и да продолжиме со надзорот дури и во пандемијата на коронавирусот, додаде тој на брифингот во Женева.

Претходно, кинеските истражувачи изјавија дека откриле нов вид свински грип што може да ги зарази луѓето и ги има „сите основни обележја вирусот да стане пандемски кандидат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.