Економска криза во Европа – последица од пандемијата на новиот коронавирус – не треба да ги присилува владите да ги намалат јавните трошоци за здравството, предупреди денеска европскиот огранок на Светската здравствена организација.

Загрижени сме дека земјите можат да одговорат на кризата на ист начин како што направија пред десет години – со намалување на јавните трошоци во здравството, рече директорот на СЗО Европа, Ханс Клуге, на прес-конференција во Копенхаген.

 

Наши приоритет денес мора да биде да инвестираме во здравство, социјална заштита и да избегнуваме мерки на штедење“, рече тој, потсетувајќи дека економското закрепнување ќе биде можно само доколку циркулацијата на коронавирусот е под контрола.

Според СЗО, меѓу 2008 и 2013 година јавниот здравствен буџет по глава на жител се намалил во скоро половина од земјите во регионот.

Според европскиот огранок на СЗО, што опфаќа 53 различни држави – од Русија до Андора, официјално потврдените случаи на заразени со новиот коронавирус во Европа се веќе над два милиона, а смртните случаи поврзани со вирусот – 175.000.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.