Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека новиот коронавирус најверојатно ќе се прошири во другите делови на Кина и евентуално во други земји во наредниот период.

Треба да се очекуваат повеќе случаи во другите делови на Кина и веројатно во другите земји во наредните денови – истакна портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ.

Досега во Кина, вирусот во најголем дел е концентриран во градот Вухан, иако има изолирани случаи во Шангај и Пекинг.

Според последните информации шест лица досега починаа како последица на вирусот, а потврдени се над 250 случаи на заразени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.