Високиот претставник на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, предупреди дека вакцините против Ковид-19 нема да пристигнат на време за само со нив да се победи вториот бран на пандемијата.

Рајан нагласи дека вакцините не треба да се гледаат како волшебно решение и дека државите што се борат со повторното ширење на вирусот, повторно ќе мораат сами да ја водат таа битка.

Мислам дека ќе поминат најмалку четири до шест месеци пред да имаме значително ниво на вакцинација каде било во светот – изјави Рајан.

Тој објасни дека и покрај ветувачките најави за развој на потенцијални вакцини, тие се уште не постојат.

Многу земји минуваат низ овој бран и ќе поминат низ тој бран без вакцини – додаде Рајан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.