Комитетот за вонредни ситуации на Светската здравствена организација (СЗО) за денескa свика вонреден состанок за да разговара за прашањето за новите мутации на корона вирусот.

Комитетот вообичаено се состанува на секои три месеци, но овој пат генералниот директор на организацијата ги свика членовите две недели порано за да разговараат за теми за кои е потребна итна дискусија.

Се работи за новите видови на вирусот, употребата на сертификати за вакцинација и тестови за меѓународни патници – се вели во соопштението на СЗО.

Во соопштението се наведува дека препораките на Комитетот на експерти, предводен од Французинот Дидие Хусеин, до земјите членки ќе бидат објавени по состанокот.

На својот втор состанок на 30 јануари 2020 година Комитетот го советуваше генералниот директор, Тедрос Аданом Гебрејесус, да прогласи вонредна здравствена состојба од меѓународно значење, највисоко ниво на тревога кога станува збор за епидемии, што тој и го направи.

Британската и јужноафриканската мутација на корона вирусот се проширија во десетици земји погодени од нов бран зарази што дури ни полицискиот час и кампањите за вакцинација не успеаја да ги запрат.

Според СЗО, новиот вид на корона вирусот првпат снимен во Велика Британија досега е пронајден во 50 земји и територии, а видот од Јужна Африка е регистриран во 20 земји, но организацијата смета дека оваа проценка е веројатно пониска од реалната.

Овие видови можат да се идентификуваат само со низата на нивниот генетски код, анализа која не е можна насекаде.

Третата мутација, која потекнува од бразилскиот Амазон и беше откриена во Јапонија во неделата, во моментов се анализира и може да влијае на имунолошкиот одговор, наведува СЗО во својот неделен извештај, нарекувајќи го „загрижувачки вид“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.