Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека е нереално да се мисли дека светот ќе се ослободи од Ковид-19 до крајот на оваа година.

Директорот на СЗО за вонредни ситуации, Мајк Рајан сепак изјави дека трагедијата во кризата со коронавирусот може да се избегне со намалување на бројот на хоспитализирани и починати, пренесува „Гардијан“.

Тој додаде дека вирусот сè уште е оној што има контрола, особено со оглед на зголемувањето на бројот на новозаразени минатата недела, по шест последователни недели пад на бројките.

– Би било многу прерано и нереално да се мисли дека ќе се ослободиме од вирусот до крајот на годината, но ако сме паметни, можеме да завршиме со хоспитализации, смртни случаи и трагедија поврзана со пандемијата“, рече Рајан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.