Денеска Светската здравствена организација соопшти дека ситуацијата со коронавирусот го надмина бројот на заразени од пикот во март, а Ханс Клуге регионалниот директор на СЗО, нагласи дека само минатата недела се регистрирани над 300.000 нови инфекции на стариот континент.

Пред нас е многу сериозна ситуација, рече тој.

Според последните извештаи, некои европски земји, како Обединетото Кралство и Франција, со месеци бележат највисоко ниво на број на дневни инфекции а капацитетот за тестирање е зголемен низ цела Европа од почетокот на пандемијата.

Според СЗО, од почетокот на пандемијата има пет милиони потврдени случаи и повеќе од 228 000 смртни случаи низ цела Европа.

Тој исто така истакна дека во моментот има зголемување на хоспитализирани и смртни случаи а исто така напоменува на „алармантни стапки на брзо ширење на вирусот низ целиот регион.

Додека помладите луѓе – кои имаат помала веројатност да бидат сериозно погодени доколку се заразат – во моментов претставуваат најголем дел од новопријавените случаи со коронавирус, постои загриженост за многу повеќе случаи на компликации кај таа возрасна група доколку вирусот се шири паралелно и во поранливи групи.

Клуге предупреди дека мерките за блокирање воведени пролетта и рано лето дадоа јасни резултати.

Случаите достигнаа рекордно ниско ниво во јуни. Сепак, бројот на новозаразени во септември треба да биде повик за будење за сите нас, рече тој.

Тој истакна дека знаењето за најдобрите начини за контрола на вирусот е подобрено од почетокот на пандемијата во Европа.

Претходно оваа недела, Клуге предупреди дека Европа мора да се подготви за зголемен број смртни случаи од новиот коронавирус во октомври и ноември.

Ќе биде многу, многу потешко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.