Вонредниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) препорача потврдите за вакцинација да не бидат предуслов за меѓународно патување бидејќи вакцината е нерамномерно распределена меѓу земјите.

Во соопштението објавено по состанокот минатиот четврток, независни експерти од Комитетот се осврнале на ограничените докази за тоа дали вакцинацијата против Ковид-19 го намалува ширењето на инфекцијата, како и на „нееднаквоста во глобалната дистрибуција на вакцините“.

Затоа, Комитетот препорачува државите да сметаат дека доказите за вакцинација ја продлабочуваат нееднаквоста и ограничувањето на слободата на движење.

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ минатата недела донесоа сличен заклучок.

Во договорениот заеднички став, кој ќе биде основа за преговори со Европскиот парламент, сертификатите за вакцинација не можат да бидат услов за слободно движење, нагласувајќи го принципот на недискриминација на лица кои не се вакцинирани.

Европскиот парламент треба да се согласи за својата позиција подоцна овој месец, по што ќе може да почне разговори со Советот на ЕУ. Регулативата се очекува да биде донесена до крајот на јуни.

Во средината на март, Европската комисија предложи воведување на дигитален зелен сертификат, т.н. ковид-пасош за слободно движење во ЕУ за време на пандемијата, што ќе биде доказ за вакцинација, негативен тест или прележан вирус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.