Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Европа во четвртокот нотираше дека ситуацијата на континентот во врска со пандемијата на коронавирусот „предизвикува голема загриженост“, пренесува Дејли меил.

Поради зголемениот број на дневни случаи на Ковид-19 пријавени низ Европа, земјите, вклучувајќи ги Германија, Велика Британија, Холандија и Шпанија започнаа да воведуваат дополнителни мерки за да го забават вториот бран на пандемијата и да се обидат да го намалат нејзиното влијание.

Податоците собрани од здравствените власти ширум светот открија претходно денеска дека глобалното ажурирање на случаите со Ковид-19 го забележа најголемиот скок во изминатите 24 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.